Првиот човек на Кјелце: Слушнав Карачиќ ќе се враќал во Вардар…

Првиот човек на Кјелце ги прокоментира гласините дека Игор Карачиќ ќе направи кам-бек во Вардар, нешто што до пред некој ден беше актуелно во нашиот медиумски простор.

Постоеше загриженост во Кјелце од распад, поради заминувањето на главниот спонзор ВИВЕ, чие име го носеше и Кјелце како додавка на своето, но претседателот на овој клуб, Бертус Сервас ги увери сите дека се е во најдобар ред.

Кога прочитав низ медиумите дека Игор Карачиќ ќе се врати во Вардар, слатко се насмева. Па тој останува овде во Кјелце“, истакна Сервас за „sportowefakty“.

Хрватот несомнено е миленик број 1 на навивачите на Вардар, и поттајно сите се радуваа на негов евентуален кам-бек, но дефинитивно дека тој и следната сезона останува во Полска.

Во меѓувреме како новo потенцијалнo засилувањe за Вардар, циркулира името на Зарабец од тимот на Кил.