Со натпреварот меѓу Атлетик Билбао и Барселона вечерва почнува новата сезона во шпанското првенство во кое Реал ќе се обиде да дојде до третата титула во последните 12 години и да ја прекине неверојатната доминација на каталонскиот гигант.
Но, ако е точна информацијата во емисијата Чирингито, тоа ќе биде многу тешко затоа што атмосферата во тимот, наводно, е ужасна. Формирани се повеќе кланови, меѓу дел од фудбалерите владее нетрпеливост, а Зидан нема намера да се меша додека играчите го даваат максимумот на теренот. На друга страна се Герет Бејл и Хамес Родригес чија судбина во моментов е неизвесна и можно е да го напуштат Реал пред крајот на преодниот рок.
¡ATENTO! @PipiEstrada1: “Hay un AMBIENTE HORROROSO en el VESTUARIO del REAL MADRID”. #ElChiringuitoDeMega pic.twitter.com/LDFmE2dLF3
— El Chiringuito TV (@elchiringuitotv) August 14, 2019
Дали е сето ова вистина не е потврдено, тоа е само изјава на новинарот на Чирингито, Пип Естрада. Својот прв натпревар од новата сезона Реал го игра утре од 17 часот на гости кај Селта.