Првенствата се одлична можност за пазарење: Дали Вардар и E. Пелистер договорија нови засилувања!?

Добро познато е дека јануари, период кога се одржуваат ЕП и СП во ракомет е период во кој многу европски екипи договараат засилување за пролетниот дел, но и за новата сезона.

Изминатите години наназад тоа често важеше и за Вардар и за Металург, а во случајот сега би требало да важи и за Еурофарм Работник.

Добро познато е дека на Вардар му недостигаат ракометари во ротација за да се задржи квалитетот, а пред се тука станува збор за лев бек кој се очекува да пристигне за продолжението од сезоната.

Многу по активен на трансфер пазарот се очекува да биде Еурофарм Пелистер кој доби нов тренер, а како приоритет е ангажман на десен бек, но можно е да биде купен и нов пивотмен. Токму газдите на клубот беа видени во Виена каде ја бодреа нашата селекција, па можеби посетата ја искористиле и за некој трансфер.