Првата тенисерка на ВТА го откажа настапот на УС ОПЕН

Првата светска тенисерка на ВТА, го откажа своето учество на УС ОПЕН, пред се поради превентива од КОВИД19.

Како што пишува Њујорк Тајмс, Австралијката Ешли Барти, најавија дека нема да биде дел од УС ОПЕН годинава, без оглед на сите безбедоносни протоколи кои се најавени.

Ова беше тешка одлука за мене, но и понатаму постои значителен ризик од Ковид19 и јас не се чувствувам пријатно кога има таква опасност, не сакам да се ставам себеси и мојот тим во незгодна позиција“, порача Барти.

Според истиот медиум кој известува, Барти меѓу редови најавија дека нема да настапи и на Мастерсот во Синсинати, турнир кој се сметаше за втор најголем во американската турнеја ова лето.

Тој турнир почнува на 20 август а засега е непознато дали на него ќе видиме тенисерка од топ10, Симоне Халеп, Елена Свитолина, Бјанка Андрееску и Наоми Осака.