Макс Верстапен тврди дека на трката во Сингапур и покрај слабиот пласман во квалификациите, тој можел и имал темпо за да дојде до победничкиот подиум.
Но холандскиот возач посочи дека сите безбедносни возила кои излегле на патеката, биле против нивната стратегија, што придонело за тие да не забележат добар резултат во неделната трка.
Многу од фановите таквата изјава на Верстапен ќе ја квалификуваат како „очајничка“, бидејки многупати овие три сезони, среќата му беше наклонето исклучиво на Ред Бул и нему.
„Се беше против нас во трката, посебно безбедносните возила, тоа беше најлошо сценарио за нас на оваа трка, навистина мислам дека не ни одеше во прилог. Доколку немаше такви моменти, ќе се борев со лидерите на трката за победа. Јасно е дека научивме од она што го грешевме претходно“, порача Верстапен.
Победник на трката е Карлос Саинц, кој успеа да ја прекине доминацијата на Ред Бул.