Прва средба очи во очи и првите впечатоци од дружењето со Rernault Clio V

На регионалната презентација во Словенија покрај можноста директно да се запознаеме со новата генерација на bestseller моделот на Французите Renault Clio можевме да го видиме и производниот процес на моделот во погоните на фабриката Revoz на Renault во Ново Место…

Моделот Renault Clio во наследство од претходната четврта генерација, го носи епитетот на еден од најубаво дизајнираните автомобии во „Б“ сегментот и титулата на најпродаван француски модел со над 13 милиони продадени примероци.

Неговиот емотивен дизајн го победи времето и стравувањата дека бргу ќе биде застарен. Врвот на продажната кариера го достигна минатата 2018 година. Поради тоа и петата генерација на Clio е само еволуција на успешниот дизајн со подотерани и почисти чинии, со еден збор освежен и колку е тоа можно и поубав и попривлечен.

Токму поради тоа имаше мислења дека станува збор само за facelift но мораме да кажеме дека тоа е сосема нова генерација на Clio, базиран врз новата основа. Речиси нема дел на каросеријата што не е променет. И натаму се одликува со атлестска сатва, со изразени задни калници но сепак најголеми промени има на предницата. Така маската на ладилникот го следи дизајнот применет кај поголемите модели на марката : Megane и/или Espace, а тоа важи и за светлосните предни групи, со препознатливите  дневни LED светла.

Тоа што трба да се потенцира како дополнителна вредност е дека LED светлосните гупи се дел од основната опрема.

Веднаш ве освојува емотивниот дизајн кој изгледа свеж и допадлив и над се модерен од секоја страна.

По еволицијата во однос на дизајнот, следи револуцијата во однос на конструкцијата: самата конструкција на автомобилот и потпирањето се полесни за 50 kg, a целиот автомобил во однос на претходникот е полесен за 12 до 20 kg, бидејќи новата генерација доби многу повеќе и подобра опрема од претходникот.

Револуцијата тука не запира, напротив како да процутува кога станува збор за внатрешноста. Сега е јасно зошто Французите пред се го претставуваат ентериерот.

Имено на тоа поле во автомобилот е направен голем квалитативен скок. Внатре материјалите се многу поквалитетни, споредено со претходнта генерација, a голема новост е и големиот информативно забавен дисплеј со дијагонала од 9,3 инча како и дигиталната инструмент табла.

Голем исчекор има и во однос на багажникот што со капацитет од 391L во основа е во многу над просекот во класата (претходната генерација имаше капацитет од 330L). Дизел верзијата има малку помал капацитет од 366 L, поради инсталираниот AdBlue резервоар.

Позицијата зад управувачот со ергономичноста, комоцијта и прегледноста е за високи оцени. Аеродинамичната закосеност на предното ветробранско стакло ги помести малку наназад предните седишта, што ослободи простор плус и комфор за тие што седат напред.

Пространоста е како да сте во автомобил од класа погоре. Се е прегледно, лесно достапно и едноставно за манипулирање, а како јаготка на торта доаѓа филигранската изработка и пријатни на допирт тркалца и команди.

Внатре во Cliо имате пријатно амбиентално осветлување, при што возачот може да избира помеѓу осумте понудени бои. Тука е полуавтоматската рачна сопирачка што Французите ја истакнуваат како новина во сегментот.

Новата генерација на Clio е долга 4048 односно покуса е од претходникот за 12 mm,  но пространоста во внатрешноста е поголема благодарение на новите конструкциски решенија. Покрај тоа автомобилот е поширок за  66 mm. Исто така новиотi Clio со висина од 1.440 mm  е за 8 mm понизок од претходната генерација.

Веќе рековме дека материјалите во внатрешноста се со висок квалитет, меките облоги на арматурната табла, на средишната конзола како и на вратите,  се поткрепени со врвен дизајн и висок степен на ергономија. На тоа се надоврзува и врниот мултимедијален систем за да ја потврди високата оценка за внатрешноста на новиот Renault Cliо.

Посебно ни се допадна големиот централен дисплеј, прегледен со јасна графика, благо насочен кон возачот (вушност како и се во автомобилот) кој лесно се отчитува.

Под него се порталите за USB, држачите за лименки или чаши со пијалок, длабоката преграда пред совозачот, како и преградата во потпирачот помеѓу предните седишта што се регулира по должина ви даваат чувство дека сте во класа погоре.

Задната клупа е удобна, пространа се разбира по мерките за оваа класа, со напомена дека внатре комфорно седат двајца возрасни патници додека за третиот во средина е малку тесно во пределот на рамената.

Веселата разиграна внатрешност делува живописно и софистицирано како да навестува дека ќе ги „напаѓа“ помладите купувачи и младите семејства. Се чини дека Французите  пронашле одличен баланс на атрактивен дизајн и привлечна и комфорна внатрешност.

Во однс на моторизацијата тука е турбо бензинскиот агрегат со три цилиндри, работен волумен од 1,0 литри – 1.0 TCe со MPI вбризгување, што развива моќ од 74 kW/100 КЅ, што ние го имавме на тест од околу 200 km. на патиштата низ Словенија се чини идеална средина на моторизацијата.

Агрегатот е доволно динамичен, но и економичен за да ви обезбеди комфорно возење. Базниот турбо бензинец со три цилиндри е намент за тие што поголемиот дел од патот го минуваат возејќи во урбани средини и не бараат премногу спортска динамика во возењето.

Помоќниот турбо бензинец со четири цилиндри – 1.3 TCe испорачува максимална моќ од 96 kW/ 130 КЅ и достапен е со роботизиран менувач.

За тие што преферираат дизел двигатели тука е  1.5 Blue dCi агрегатот познат од другите модели во гамата на производителот на автомобили од Франција. Тој агрегат се нуди во две изведби на моќност, со 63 kW/86 КЅ и со 85 kW/115 КЅ .

Сите агрегати се опремени со функцијата Stop&Start со систем за рекуперација на енергијата ослободена при кочењето.

За цените на новата генерација на моделот  Renault Clio во нашата земја се уште нема информации. Тие во соседна Србија стартуваат од 11.090 евра за основнање верзија Life SCE 75.

Основниот модел со дизел агрегат, повторно во србија чини 14.340 евра.

Новиот Clio ќе донесе големо освежување во сегментот а секако и големи грижи кај конкуренцијата. 

Посета на фабриката REVOZ

Во рамките на презентацијата и првото возење на новата петта генерација на Renault Clio, имавме организирана посета на фабриката REVOZ, во Ново Место, Словенија.

Тука се запознавме со целиот процес од производство на делови на каросеријата и платформата, до нивното спојување и комплетирање со погонот и опремата…

Инаку, REVOZ e една од најголемите компании во Словенија во која се вработени 3,600 лица  и која низа години е најголем извозник  на оваа земја. Во неа покрај моделите Renault Clio и Renault  Twingo, се произведуваат и моделите Smart Forfour и Smart Forfour EV.