Прва прес-конференција за родова еднаквост во спортот

Денес во прес центарот на Олимпискиот Комитет се одржа првата прес конференција на Комисијата за родова еднаквост во спортот при Олимпискиот Комитет на Северна Македонија.

На овој настан Комисијата за родова еднаквост во спортот КРЕС со воведен збор на претседателката на КРЕС Силвија Митевска беше претставена програмата и планот за работа за 2022 година, чии приоритети ќе придонесат кон креирање на родово-еднакви политики и родова стандардизација во спортските субјекти. Јасно беше дадено до знаење дека приоритетот е зголемување на учеството на жените во сите аспекти на спортот како и воспоставување на стратешки механизми со цел зајакнување на родовата еднаквост во Олимпиското движење.

,, Иако еднаквоста во спортската арена е од суштинско значење, сепак тоа
не е доволно за вистинска еднаквост во спортот. Оттаму, наши
приоритети ќе биде зголемување на учеството на жените во сите аспекти
на спортот и програмата на КРЕС за 2022 година ќе подразбира и
воспоставување на стратешки механизми за зајакнување на родовата
еднаквост во олимпиското движење.

Целта е да постигнеме суштински и видливи резултати и да ги отстраниме
бариерите што ги спречуваат жените и девојките да учествуваат во
спортот.

Она што ќе ни биде исклучително важно е да креираме систем за редовна
комуникација со жените вклучени во федерациите кои се дел од ОК како и
навремена повратна комуникација за резултатите од нашата работа, за
учество на идните настани поврзани со родова еднаквост и споделување
на други новости. Дополнително, ќе обезбедиме целосна транспарентност
и отчетност за нашата работа. Сите записници од нашите седници ќе
бидат јавни и достапни на веб страницата на ОКСМ.’’ – изјави претседателката на КРЕС Силвија Митевска.

No description available.

Свое излагање имаше и претседателот на МОК – Даниел Димевски кој ја понуди својата комплетна поддршка и изрази сигурност во однос на спроведување на процесите каде на жените ќе им биде овозможено еднакво учество во спортот. Г-динот Димевски се залага за родово еднаков и пред се безбеден спорт.

Како дел од присутните беа проминентните спортистки: потпретседателката на КРЕС, Гордана Нацева и нејзините останати членови Ленче Алексовска Величковска, Пулексенија Јовановска, Наташа Мешкоска, Ирена Митровска и Гордана Цветковска Бошевска.

,,Еден од приоритетите на Комисијата за родова еднаквост во спортот е
зголемување на партиципацијата на девојки во спорт во олимписки и
неолимписки спортови. Спортот е една од најмоќните платформи за
зајакнување на жените и девојките и промоција на родова еднаквост.
Оваа цел ќе ја реализираме преку програмата за промоција на олимписки
вредности и таргет група се млади девојки, девојчиња кои треба да се
мотивираат да бидат активни во спортот.

Дополнително, ќе се залагаме за афирмација на спортистки и спортот во
женска категорија, поголемо вреднување на остварените резултати како и
поголема видливост на спортистките во општествениот живот. Успешните
спортистки претставуваат позитивни примери за идни генерации и нивните
спортски достигнувања треба да бидат двигател за нови млади спортски
надежи и таленти.

И секако, една од нашите цели е зголемување на бројот на спортистки
учеснички на Олимписки Игри и претставување на нашата земја на
најважниот спортски настан. Сакаме да упатиме порака дека треба да има
родова застапеност при доделување на олимписки стипендии со цел
овозможување на еднаков третман и поддршка за талентираните спортистки’’. – изјави потпретседателката на Комисијата за родова еднаквост во спортот Гордана Нацева.

No description available.

Наташа Мешковска преку своето искуство како поранешна Олимпијка и тренер по пливање ја потенцираше важноста од еднаков третман и поддршка во спортот уште од најрана возраст, алудирајќи на потребата да имаме поголем број на девојчиња кои ќе се бават со пливање.