Прв триумф за Е.Пелистер во европската лига – победа среде Атина!

Еурофарм Пелистер вечерва оствари победа, прва во Европската лига, на едно незгодно гостување, против АЕК во Грција, конечниот резултат таму беше 27:30.

Битолскиот колектив имаше +3 уште на полувреме (13:16), а тоа го сочува до самиот крај ова коло.

Е.Пелистер одигра доста цврст натпревар, го отворивме со три гола предност и тоа всушност го одржуваа цел натпревар. Во еден момент од натпреварот Е.Пелистер имаше предност и од пет голови.

Биланс на натпреварот беше Периќ со осум погодоци беше прв стрелец, а го следеше Табоада со 6 голови. Треба да се истакнат и неколкуте одлични одбрани на голманот Секељи.