Провокација до Серена: Времето на „дебелата“ помина, треба да оди во пензија

Еден од најмоќните луѓе во тенискиот свет, милијардерот Ион Тириак и претседател на романската тениска федерација, повторно ја навредуваше легендарната американска тенисерка, Серена Вилијамс.

Американката од почеток на својата кариера е изложена на бројки критики поради својот физички изглед, а сега повторно дојде критика до Серена од моќник во светскиот тенис.

Доколку има малку пристојност, таа треба да се повлече. Со толку години и со таа тежина која ја има, повеќе не се движи како порано. Серена беше сензационална тенисерка, но сега мора да се повлече кога ќе се согледаат сите аспекти“, рече Тириак.

Серена има во кариерата 23 Гренд слем титули, а во денешно време со нејзини 39 години, таа е една од најдобрите.

Таа во минатото знаеше како да одговори на провокациите до ваков тим, па можеби сега ќе му врати и на претседателот на романската тениска федерација.