Против Новак Ѓоковиќ е покрената уште една истрага

Официјалната одлука дали Новак Ѓоковиќ ќе настапи на Австралија опен се уште се чека.

Извршена е ждрепката за првиот Грен слем сезонава, Ѓоковиќ е назначен за прв носител и го чека дуел против Кецмановиќ во првото коло, но сето тоа е под големо прашање.

Во исчекување на одлуката на министерот за имиграција Алекс Хок за можното укинување на визата за тенисерот од Србија, австралиските власти пронајдоа уште една информација која не го поддржува Ѓоковиќ.

Имено, Ѓоковиќ е под истрага на шпанската полиција поради неговиот престој во Марбеља на крајот на минатата календарска година.

По пристигнувањето во Австралија, Ѓоковиќ изјавил дека никаде не патувал речиси две недели, а на 31 декември бил во Марбела, а шпанската полиција врз основа на тие информации покренала истрага.

Инаку, првиот рекет во светот не го пријавил престојот во Шпанија, поточно не побарал дозвола од шпанската амбасада, а дали имал лекарско ослободување за влез во земјава ќе покаже истрагата.

Секако најбурниот месец во кариерата на Новак Ѓоковиќ, а покрај борбата со австралиските власти, Шпанците сега започнаа и свои истраги.