Пропаднаа надежите на Јунајтед – големата желба потпиша нов договор

Еден од најпосакуваните фудбалери за Манчестер Јунајтед ова лето Џек Грилиш сигурно нема да се пресели на Олд Трафорд бидејќи денеска го продолжи договорот со Астон Вила на уште пет години.

Новопечениот англиски репрезентативец беше еден од најинтересните играчи за англиските гиганти, но и покрај големиот интерес, не прифати ниедна од понудите. Наспроти тоа, се обврза кон својот матичен и омилен клуб до 2025 година.

„Ова е мој клуб, среќен сум тука. Сопствениците јасно порачаа дека имаат високи амбиции и дека сакаат да направат компетитивен тим“, изјави Грилиш по потпишувањето на договорот.

Тој е член на Вила од свои осум години, а дебито го забележа во сезоната 2013/14 кога имаше 18 години.