Промените во Ф1 ги поздравија од Мерцедес, иако тие наводно биле на нивна штета?

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, истакна дека му е мило што болидите во Ф1 ќе бидат прилагодени кон возачите.

Оваа промена доаѓа како последица на жалбите од возачите на здравствени проблеми во грбот, поради отскокнување на болидите.

Во прв ред, Хамилтон по трката во Азербејџан минатата недела, се пожали на болки во грбот, а по него и неколку други возачи, со што се направи аларм кај водечките луѓе во ФИА.

Мило ми е што ФИА брзо реагираше. Ја поздравувам секоја промена која оди во корист на возачите. Не требаа недели, па и месеци, за да мораше да се промени нешто. Гледам дека сега сите одат кон приказната дека промените Мерцедес ги бара за себе, но тоа не е вистина. Промените веројатно ќе одат на наша штета, но време е да се направат подобри услови за возачите“, порача Расел.