Промена на планот: НБА почнува на 22 декември, ќе се играат 72 натпревара!?

Ниту Божиќ, ниту 18 јануари. Се погласни се најавите дека новата сезона во најсилната светска кошаркарска лига ќе почне на 22 декември.

Друга новина е тоа што се турка план за 72 натпревара, десет помалку од редовните сезони. Со ова, натпреварувачката кампања би завршила пред Олимписките игри во Токио, а најголемите кошаркарски ѕвезди ќе добијат можност да учествуваат на нив.

„Можеби ќе биде премногу напорно, но има смисла“, изјавил член на Бордот на директори на НБА кој треба да го одобри планот.

Истото важи и за Асоцијацијата на професионална кошаркари пред која уште не е претставена идејата за ваков распоред на сезоната.