Проклетството на „Вембли“ го прогонува Мејсон Маунт

Драмата во ФА Купот му припадна на Челзи. По подоброто изведување на пенали „Црвените“ го совладаа Челзи и го освоија вториот трофеј во сезоната. Исто како и во Лига Купот оваа сезона, играчите на Јирген Клоп беа посмирени во пенал серијата, а трагичар овојпат беше Мејсон Маунт.

Англискиот репрезентативец го промаши пеналот во седмата серија, поточно, Алисон го одбрани неговиот удар и му овозможи на Цимикас да погоди за голема радост за клубот од „Енфилд“.

Еден неверојатен податок ќе го прогонува Мејсон Маунт колку и промашениот пенал. Младиот играч за врска никогаш не победил на „Вембли“. Фудбалерот на Челзи одиграл шест натпревари на овој стадион и сите ги загубил.

Ова е трето финале во ФА Купот кое Маунт го губи во дресот на Челзи. Во 2020 беа поразени од Арсенал, една година подоцна од Лестер, а денес и Ливерпул беше посреќен во пенал рулетот, како и во финалето од Лига Купот на истиот стадион.

Маунт загубил за првпат на „Вембли“ во 2019 кога како играч на Дерби Каунти беше поразен во финалето од плеј-офот во Чемпионшип од Астон Вила.

Најтешко сигурно му беше во 2021 кога со репрезентацијата на Англија го загуби финалето од ЕП, кога повторно пеналите го одлучуваа победникот, а шампион стана Италија.