Пројковска, Богоевски и Карановиќ меѓу добитниците на признанијата „13 Ноември“

Сојузот на спортови на град Скопје на денешната пригодна церемонија што се одржа во СЦ „Јане Сандански“ ги додели на традиционалните признанија „13 Ноември“.

Ива Пројковска, меѓународен фудбалски судија. Таа ја има делено правдата на врвни фудбалски натпревари, меѓу кои и на мечеви во женската Лига на шампиони.

Зоран Карановиќ, долгодишен спортски во одбојката и Владимир Богоевски, поранешен врвен одбојкар, сега спортски директор на Македонскиот олимписки комитет, за животно дело.

Признанаија добија и Игор Паскоски, тренер во Џудо Миоки клуб, Бобан Илијоски, Кик бокс, Јетон Муслиу, професор во Основно училиште, СУГС Никола Карев за осворното прво место на Европско првенство во кошарка, Јана Серафимовска, спортски новинар и Црвениот крст на град Скопје.