Продолжува војната на зборови: Грнчаров му возврати на ФК Вардар

Екс капитенот на Вардар, Бобан Грнчаров вчера на својот фесјбук профил напиша:

„Многу ми е смешно кога гледам коментари Град Скопје да помогне на ФК Вардар. Као прво како Вардар бара помош од Град Скопје кога должи над 2 милиоа евра. Зашто кога земаа пари од Европа над 5 милиони не кажаа ај ќе поделиме со град Скопје за утре задутре ако ни треба ќе ни помогнат оние.

Вардар е приватен клуб и коа зима пари и коа треба да се дадат пари едино за ова што се дешава моментално е крив еден човек и тој треба да го реши сам (се надевам дека денес ќе го реши и Вардар ќе добие лиценца) А второ парите што ги зема од Лига европа се у РК Вардар, така да сега нека барат помош таму.

Денес од ФК Вардар преку официјалниот клубски сајт му одговорија а меѓу другото и напишаа:

„Лично Вие г-дин Грнчаров за Вашиот престој во клубот имате заработено 25.920.000 денари или 421.470 еур од ФК Вардар т.е. лично од г-дин Самсоненко. Иако според сите спортски работници Вие бевте преплатен. За време на Вашиот престој во клубот бевте капитен со сета одговорност која произлегува од таа функција, но Вие сте и добро познат на целокупната спортска јавност како играч кој постојано правеше раздор, проблеми и нечесни игри во клубот и надвор од него“.

Но кратко требаше Грнчаров повторно да се огласи и во коментар на објавата на ФК Вардар да напише:

„Како прво информирајте се колку сум земал па пишете точна цена… за 4 години ова е малку. Земав многу повише, а ипак дупло помалку од што играв у странство“.