Продолжува теленовелата во Лондон: Гатусо отпадна, Тотенхем уште бара наследник на Мурињо

Џенаро Гатусо отпадна од конкуренција за менаџерската позиција во Тотенхем, соопштија англиските медиуми, па Спарс остануваа без свој предводник и 62 дена откако Жозе Мурињо доби отказ.

Досега се свртеа неколку познати имиња кои беа во конкуренција за испразнетото место. Прво во игра беше Масимилијано Алегри кој на крајот се одлучи за Јувентус, па довчерашниот тренер на Рома, Пауло Фонсека од кого Тотенхем се откажа за да почне преговори со Гатусо. Сепак, Италијанецот експресно беше елиминиран, а причините за тоа уште не се знаат.

Сега повторно во конкуренција е Фонсека, но прашање е дали и тој би сакал да работи со вакво несериозно раководство.