Продолжува сапуницата со Роналдо: Сега не сака да си оди, ама бара засилувања

По повеќенеделни шпекулации околу заминувањето на Кристијано Роналдо, излегоа нови информации кои укажуваат на тоа дека дошло до целосен пресврт.

Наводно, тој ниеднаш официјално не побарал да си замине, но сепак е разочаран од малите амбиции на клубот на трансфер пазарот. Англиските медиуми пренесуваат дека извршниот директор Ричард Арнолд го посетил Роналдо во неговиот дом во Манчестер и му гарантирал дека Јунајтед ќе направи големи трансфери летово.

Веројатно во таа насока е се поверојатниот премин на Касемиро за кого е разговарано со Роналдо и тој го одобрил трансферот. На листата на желби на Јунајтед се наоѓаат уште Јаник Караско од Атлетико, Коди Гакпо од ПСВ и Антони кој блеска во дресот на Ајакс од почетокот на сезоната.