Продаден болидот на Шумахер: Неверојатна сума за шампионскиот модел од 2002 година!

Легендарниот возач на Формула 1 Михаел Шумахер, веќе шест години се наоѓа во кома по тешката несреќа на скијање. Германецот одамна е меѓу легендите на овој спорт, а уште еден доказ за тоа пристигна од Абу Даби.

Таму, болидот на Ферари F2002, кој го возеше Шумахер во 2002. година, продаден е на аукција за неверојатна сума од околу 6,6 милиони долари!

Болидот го дизајнираа Рој Бирн, Рос Брон и Паоло Мартинели, а Шумахер во 2002 и 2003 година со него освојуваше титули, победувајќи на голем број трки.

За потсетување, откако во 2013. година доживеа несреќа на алпите, неговата здравствена состојба е во строга тајност која ја бара семејството. Сепак, во јавноста се појавија некои информации кои само ги заинтригираа навивачите на легендарниот возач.