Проблемот зад големата романса – телохранителот на газдарицата Ванда

Мауро Икарди и Ванда Нара во минатото беа блиску до развод, но по се изгледа, тоа е архивирано и сега тие двајца пливаат во некои мирни води.

Односите не им беа најдобри, но сепак, сето тоа е веројатно минато и овој брачен пар повторно ќе го гледа светската јавност по разни настани заедно.

Како што пишуваат медиумите во Аргентина, семејната идила била нарушена наводно поради телохранителот на Ванда, поранешниот полицаец Агустин Лонгер, кој наводно имал кратка романса со „газдарицата“.

Ситуацијата се закомплицирала кога дел од следбениците на овој поранешен полицаец го прашале на Инстаграм дали му се допаѓа Ванда Нара, а овој искоментирал „ја обожавам!“.

Потоа Мауро одреагирал со отказ за телохранителот на неговата сопруга, а тука Ванда ништо не се прашувала и тоа се посочува како клучен момент во нивното смирување и повторно враќање во нормала.