Проблемот на Серена веројатно е поголем!

Американската тенисерка Серена Вилијамс, во полуфиналето од турнирот УС ОПЕН, доживеа повреда на зглобот на ногата.

Таа поради проблемите и болките, мораше да се повлече и од Мастерсот во Рим кој се игра следната недела.

Вилијамс за време на мечот против Вик Азаренка, го повика медицинскиот тим на еден од тајм-аутите, со цел да го бандажираат нејзиниот зглоб, но по мечот таа сфати дека сепак постои поглем проблем.

На пресконференцијата таа неколкупати истакна дека нема поголем проблем и дека сигурно ќе игра на Ролан Гарос.

Но наводно веќе и било и сугерирано дека ќе треба нешто подолга пауза од планираната, со цел да го одмори зглобот за да не дојде до уште поголема повреда, од која можеби да и зависи и кариерата.