Некогашната икона на англискиот фудбал, Дејвид Бекам, во својата 47-ма година им откри на навивачите дека има здравствени проблеми, односно поленска алергија, која е широко распространета кај повеќе милиони луѓе.
Стотина милиони ширум светот го имаат истиот синдром, проблем со алергиска реакција на полен, посебно кога ќе дојде во контакт со устата, носот или очите.
За Бекам не се знаеше дека го има овој проблем се додека тој самиот не потврди на социјалните мрежи.
„Денес ми се јави поленска грозница, очите ми се полни со солзи“, наведе Бекам на Инстаграм.
Инаку, поленската алергија се бележи на еден од пет луѓе и е еден од најраспространетите проблеми кај луѓето.