Проблеми за „каталонците“: Кеси и Кристенсен можат да ја напуштат Барса

Иако беше исклучително активна во летниот преоден рок, Барселона се соочува со неверојатни проблеми на три дена пред почетокот на новата сезона во шпанското првенство.

Првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас не дозволува регистрација на новите фудбалери ако не се поклопат финансиските пресметки, а тоа може да доведе до други проблеми. Шпанските медиуми тврдат дека Андреас Кристенсен и Френк Кеси се слободни да си одат ако Барса не успее да ги регистрира и тоа како слободни играчи иако имаат договор со клубот.

Тие без отштета и дојдоа на Камп Ноу од Челси, односно Милан. Останува на Жоан Лапорта во следниот период да го реши овој проблем.