Проблеми за ИОК, две држави се откажаа од учеството на Олимписките игри!

Шпанска „Кадена СЕР“ синоќа објави дека Интернационалниот Олимписки Комитет сериозно размислува поради пандемијата на коронавирусот да ги одложи Олимписките игри во Токио за една година, а кратко потоа Олимпискиот комитет на Канада издаде соопштение во кое се истакнува дека тие сигурно нема да ги испратат своите спортисти на натпреварувањето доколку истото се одржи во предвидениот термин од 24 јули до 9 август.

„Донесовме тешка одлука да не ги испраќаме спортистите на Олимписките и Параолимписките игри годинава. Ги повикуваме челниците на ИОК и ИПК да ги одложи Игрите за една година. Ние ќе им ја понудиме сета помош со цел да го решиме проблемот со згуснатиот календар. Ништо не е поважно од здравјето и безбедноста на нашите спортисти и светската заедница“, стои во соопштението на канадскиот ОК.

Сличен став дели и Олимпискиот комитет на Австралија.

„Нашиот комитет верува дека здравјето на учесниците и здравјето на луѓето кои би биле околу како навивачи а најважно и нема цена“

Шпанска „Кадена СЕР“ тврди дека во опција се три нови термини – крајот на 2020, како и летото 2021 или летото 2022 година.