Проблеми во Јунајтед: Соблекувалната се подели поради најскапиот

Англиските медиуми денеска објавија дека владее раскол во соблекувалната на Манчестер Јунајтед по серијата лоши резултати, а во центарот на вниманието е најскапото летно засилување Џејдон Санчо.

Навивачите веруваа дека тој може да биде лидер на екипата како Роналдо пред повеќе од една деценија, но потоа се врати и Португалецот и сите беа во транс. Сепак, еуфоријата кратко траеше, Јунајтед не игра според посакуваното, веќе заостанува пет бода во однос на лидерот Челси и мораат да се бараат виновници за таквата состокба.

Прв на удар е Санчо на кого му забележуваат дека не може да биде лидер, а не се ни залага доволно, како на натпреварите, така и на тренинзите. Наводно, младиот репрезентативец на Англија веќе добил критики од своите соиграчи и нема да биде чудо ако не се најде во составот на претстојните натпревари, особено откако во тимот се врати Рашфорд.