Проблем за Инѕаги: Интер го загуби својот играч на 6 недели

Фудбалскиот клуб Интер ќе биде шест недели без услугите на Марко Арнаутовиќ.

Репрезентативецот на Австрија заработи повреда на бутниот мускул на левата нога, а според првичните најави, тој нема да игра барем до крајот на следниот месец.

Најавени биле нови скенирања на состојбата со Арнаутовиќ, но првичните најави на лекарскиот тим на Интер е дека ќе го немаат играчот шест недели.

Арнаутовиќ ова лето ја засили екипата на Симоне Инѕаги, а на седум натпревари оваа сезона, тој има скор од еден погодок.

Тој поради повредата нема да им биде на располагање ни во репрезентацијата на Австрија, која следниот месец игра квалификации за ЕП против селекциите на Белгија на домашен терен и против Азербејџан нагости.