Признание за Ел Команданте: Тренер на сезоната во Франција

Поранешниот тренер на Вардар, Раул Гонзалес, човекот кој им ја донесе првата титула на „црвено-црните“ во Европа, сега е избран за тренер на сезоната во Франција.

За жал сезоната беше прекината пред време, поради пандемијата од КОВИД19, но сепак тоа не ги спречи во федерацијата да го препознаат ангажманот на Гонзалес како најдобар оваа сезона.

Освен Раул Гонзалес, во иделаниот тим на сезоната во Франција, се најдоа уште четири ракометари на неговиот тим, на голманската позиција голманот Коралес, потоа следуваат средниот бек Сагосен, десниот бек Ремили и Морос од дефанзивната линија.

Во идеалната постава се најдоа уште и Пранди и Санад од Ним, додека имаше место и за играчот на Монпелје Дескот и Турна од Нант.