Притисок врз олимпискиот комитет во Македонија: Промени на законите или суспензија

Меѓународниот олимписки комитет и се закани на Македонија, дека доколку во следните 6 месеци не го промени законот за спорт, ќе бидеме суспендирани.

МОК испратиле писко до Скопје, во кое ги повикуваат домашните институции да ги синхронизираат работите со Олимписките игри, инаку ќе бидат подложени на санкции, во најлош случај ќе сме биле исфрлени од олимписките мапи.

Барањето на МОК се однесува на законот за спорт, во кој според оценката на меѓународните институции, немаме доволна автономија во функционирањето на домашните спортски федерации, односно да се овозможи слобода од политички вплеткувања и влијанија.

МОК инсистира на состанок со челници на нашиот олимписки комитет, каде треба да се активираат сите можни државни институции.