Пристигна новиот „Дарко Станиќ“ во Металург

Младиот српски голман Предраг Мијатовиќ (16), кој важи за голем талент, а во Металург дојде од белградски Партизан, денеска му се приклучи на тимот и ги одработи тренинзите. Мијатовиќ е кадетски репрезентативец на својата земја, а со Металург договори тригодишна соработка. Тој најверојатно сезоната ќе ја почне во тимот на Раде Стојановиќ, во Металург 2, но секако ќе биде следен од шефот на стручниот штаб на Металург Данило Брестовац, па, во зависност од своите резултати, ќе конкурира и за првиот тим.

Презадоволен сум од можноста да тренирам и да настапувам во Металург, клуб со голема традиција, клуб кој е редовен учесник во Лигата на шампионите и во СЕХА-лигата. Се надевам дека ќе ги оправдам очекувањата на моите тренери и дека еден ден ќе застанам на голот на првиот тим на Металург, како што тоа го правеше еден од најдобрите голмани во српската историја – Дарко Станиќ“, рече младиот Мијатовиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гедбан: Навивачите на Вардар, број 1 во Европа!

„Зборнаја“ ја изгаза Данска и се пласира во полуфиналето на ЕП!

Гонзалез ги откри адутите за СП: Објавен поширокиот список на Македонија

(ВИДЕО) „Беттер одбрана, алсо гоод напад“ – интервју на англиски јазик на селекторот на Црна Гора

Металург немоќен и во „Јане“ – победата ја однесоа Мешков Брест

Кизиќ – новата голманска надеж на Вардар: Добро се подготвив, но не очекував…

Металург го намачи – но комбинираниот Вардар победи „низ иглени уши“

Градското дерби во Гевгелија кое ќе има МНОГУ ЖАР: Кожув и Фантоми „со душа“ го чекаат лидерот Блокотехна

Непотребна драма во Загреб: Лино рече дека си оди, од клубот реагираа: За што зборува овој човек??