Пристига спасот за Кариус: Се јави клуб кој што го сака зимава

Лорис Криус конечно би можел малку да ја оживее кариерата, која падна по катастрофалната игра во финалето на Лигата на шампионите во 2018 година, каде Ливерпул беше поразен од Реал Мадрид со 3-1.

После таа Киевска црна ноќ за Кариус, германскиот голман долго се обидуваше да се врати во форма, а не помогнаа ниту позајмиците.

Ливерпул го испраќаше на позајмици на Бешикташ и Унион Берлин но дури и таму Кариус имаше неколку скандалозни интервенции.

Моментално е во тимот од Енфилд, но како само четврти голман, Ирецот Келехер е замена за Алисон, тука е и Шпанецот Адријан.

Кариус има договор со „црвените“ до 2022 година, а се чини дека спасот може да дојде оваа зима.

Имено, швајцарски Базел е заинтересиран да го доведе во своите редови 28-годишниот Кариус. На Ливерпул би му биле понудени два милиони евра, а на Кариус двегодишен договор со можно продолжување, што веројатно ќе ги задоволи сите страни.

Можеби Швајцарија ќе биде лек за Кариус, кој ги помина сите младински селекции на Германија во својата кариера, како и академијата Манчестер Сити, пред тоа академијата Штутгарт. Едно време бранеше за Мајнц.