Прилеп доби уште едно засилување – потпиша Филип Чурлевски

Од денес и официјално нов играч на Прилеп е Филип Чурлевски, играч со искуство од Лигата на Шампионите, Сеха Лигата и ЕХФ Купот.

Доаѓа од екипата на Еурофарм Пелистер каде настапуваше во изминатите 4 сезони. Пред Еурофарм Пелистер, Чурлевски настапуваше за екипата на Вардар Јуниор и матичниот Пелистер.

Чурлевски исто така е и поранешен репрезентативец на Македонија односно настапуваше на Светското Првенство во 2019 кое се одржуваше во Данска и Германија.

Без сомнение Филип ќе биде големо засилување за составот на Горан Кузманоски.

Од клубот истакнаа дека ну посакуваат успеси во дресот на Прилеп како што тоа го правеше неговиот покоен татко во дресот на Тутунски Комбинат и подоцна од клупата на Прилеп.