Приказната за Дончиќ и Дивац е поткопана од темел: Се смеевме со Владе на таа сторија!

Деновиве во медиумите се појави приказна дека наводно Владе Дивац во 2018 година, не го ставил на драфт перспективниот Лука Дончиќ, поради неговиот татко, но тоа воопшто не е точно.

Тоа веднаш беше најостро демантирано, па дури таткото на Дончиќ рече дека се исмеале кога ја слушнале приказната.

Апсолутна лага, во ова нема никаква вистинак. Со Дивац сум добар пријател, имаме добри односи. Не знам како тој новинар од ЕСПН дошол до таков заклучок. Дури се слушнавме со Владе и заедно се смеевме на таа приказна, која не е вистинита“, истакна таткото на Лука Дончиќ.