„Пријателска закана“ од Зверев до Ѓоковиќ околу тоа што треба да направи во финалето

Новак Ѓоковиќ во вчерашното полуфинале го победи Александар Зверев и на тој начин си обезбеди уште едно финале и нова шанса за рекордна 21 титула.

Германскиот тенисер Александар Зверев му пружи добар отпор, малку недостасуваше тој меч за Ѓоковиќ да оди во спротивен правец, но сепак, во некои моменти од играта тој предначеше со перформансот и затоа е во финале.

На пресконференцијата за медиумите, Ѓоковиќ откри што му рекол Зверев на мрежа кога се поздравиле:

Ми посака среќа и другарски ми порача дека ќе „искрши“ доколку не ја освојам титулата во недела. Шега на страна, ние добро се согласуваме со него и навистина е убаво од негова страна што ми даде поддршка“, порача Ѓоковиќ.