Пријател на Бекер открива: Борис е шокиран од ситуацијата во затворот Вандсворт

Според зборовите на негови блиски пријатели, Борис Бекер е прилично шокиран од условите во затворот каде издржува казна.

Иако всушност тој не е распореден со останатите затвореници и има нешто подобри услови, сепак и тие не се добри за некогашниот шампион.

Бекер се наоѓа во затворот Вандсворт во Лондон, но за сега е во посебно одделение, каде според неговите пријатели, не му се допаѓа воопшто.

Доста му е тешко да се навикне, а најлоша работа е храната. Не може да верува колку се мали порциите. Еден од неговите први оброци била солено говедско, која тој не ја поднесува. Но ќе мора да се навикне“.

„Исто така е шокиран од недостаток на хигиена во затворот кој е пренатрупан. Условите се мизерни, скоро нечовечки. Во ќелиите е ладно и едвај да има дневна светлост“, тврди пријател на Бекер.