Презентерката на Еуроспорт го допираше Ѓоковиќ по мечот: Мора да проверам..

Иако на претходниот натпревар, против Григор Димитров, делуваше дека Новак Ѓоковиќ има тешка повреда, сепак, на денешниот натпревар против Де Минор, тој беше далеку подобар.

Сетовите ги добиваше далеку поуверливо и со помалку загубени поени, а тоа остави силен впечаток кај презентерката на Еуроспорт.

По натпреварот против Алекс Де Минор, презентерката Барбара Шет, се обиде да го штипне српскиот тенисер, со цел да се увери дека тој е од крв и месо.

Мора да те штипнам, да се уверам дека си човек се уште. Мислам дека си ти“, беше коментарот на Барбара, која дефинитивно го насмеа и Новак Ѓоковиќ.

Таа го праша и за повредата на ногата, а Ѓоковиќ рече: Да, ногата е добро!.