Преубавиот „Сантијаго Бернабе“ ќе се претвори во обично складиште!

Грандиозниот „Сантијаго Бернабе“ наскоро ќе биде претворен во складиште за чување на домациите на медицински материјал во борбата против КОВИД19.

Информацијата денеска ја потврдија политичарите, поточно шпанската политичарка Дијас Ахусо, која е претседателка на општината Мадрид.

„Им благодариме на Реал Мадрид за овој важен допринос во борбата против Корона вирусот и ова сигурно ќе помогне да се спасат повеќе животи“, порача Ахусо.

Реал Мадрид, кој и сам донираше значајки финансиски средства за медицински материјал, соопштија дека стадионот го отстапуваат целосно за се што е потребно да се запре невидливиот н епријател.

Шпанија има преку 56.000 граѓани заразени од Корона вирусот и повеќе од 4.000 мртви.