Тажна вест доаѓа од Колумбија. Имено, убиен е претседателот на второлигашот ФК Тигрес Едгар Паез, а мотивот за злосторството не е познат.
Паез присуствуваше на натпреварот против Атлетико Кали, а потоа тргнал да се враќа дома со својата ќерка. Според полицискиот извештај, непознати лица на мотор ги сопреле на пат и го убиле Паез.
Се смета дека всушност се работи за нарачано убиство, а кон него биле испукани три куршуми. Ќерката не е повредена, што јасно укажува дека цел на непознатите лица била само Паез.
Паез по ранувањето веднаш бил пренесен во болница, но не можел да се спаси. Веста дека починал набрзо беше потврдена, но јавноста не зборуваше многу за тоа.
Стравот и чудните закони во Колумбија одиграа улога, а новинарот Оскар Отос прв ја објави веста. Тој рече дека информацијата му ја потврдиле двајца фудбалери на Тигрес.
„Со длабока тага известуваме за убиството на нашиот претседател. Овој немил инцидент се случи кога тој се враќаше од натпревар против ФК Атлетико“, напиша ФК Тигрес.
Треба да се истакне дека медиумите во Колумбија пишуваат дека фудбалот во таа земја доживува темно поглавје.Се наведува дека членовите на клубовите често се мета на убијци, а најмногу се поврзуваат со зделки со дрога. За многумина тврдат дека влегле во бизнис со мафијата, што на крајот било кобно за нив.