Претседателот на ИОК доби поддршка за трет мандат

Актуелниот претседател на Интернационалниот олимписки комитет Томас Бах доби поддршка за трет мандат од неколку членови и наскоро сето тоа треба да се официјализира со номинација.

Предлогот беше изнесен од Алжирецот Мустафа Бераф за време на редовната седница на ИОК, што се одржува викендов во Мумбај, Индија. Него го поддржаа Парагваецот Камило Перез Лопез Мореира и Доминиканецот Луис Мехија Овиедо.

„Во име на олимписките комитети на африканските земји, предлагаме да се направат промени во релевантните документи за Томас Бах да биде реизбран во трет мандат како претседател на ИОК, бидејќи под негово водство организацијата успешно минува низ тешки времиња“, изјави Бераф.

Бах е на чело на МОК повеќе од 10 години. Шеесет и деветгодишниот Германец прв пат беше избран за претседател на организацијата на 10 септември 2013 година