Претседателот на Барса ги расчисти дилемите: Нема да ги доведеме ниту Нејмар ниту Лаутаро летово

Претседателот на Барселона Жозеп Марија Бартомеу одлучи да стави точка на шпекулациите околу враќањето на Нејмар или доаѓањето на Лаутаро Мартинез ова лето.

Тој изјави дека Барселона нема да го доведе ниту едниот ниту другиот играч.

„Барселона имаше разговори со Интер околу Лаутаро последните недели, но истите се ставени на чекање на обострано инсистирање. Моменталната ситуација не дозволува големи обештетувања за трансфери“, вели Бартомеу за каталонски „Спорт“ и потоа се осврна на Нејмар.

„Во актуелната ситуација, тој не доаѓа. Ниту ПСЖ сака да го продаде што има смисла бидејќи е еден од најдобрите играчи на светот. Минатото лето навистина се трудевме да го потпишеме, но ова лето нема ни да се обидеме“.

„Клубот меѓу март и јуни загуби 200 милиони евра. Ако ситуацијата не се поправи, нема да има луѓе на трибините, во музејот или фан шопот, а ние ќе продолжиме да губиме пари. Тоа ќе предизвика да ги ревидираме плановите за потрошувачка и кои од нив можеме да ги чекаме. Мораме да се прилагодиме. Тоа влијаеше на сите големи европски клубови и сите работиме на тоа да се прилагодиме. Тоа нема да трае само една година, туку би можело да трае три или четири“, порача претседателот на Барса.