Пресврт во Париз, Нејмар ги изнел своите барања до ПСЖ

Нејмар е играч кој и на теренот и надвор од него привлекува големо внимание. Во изминатиот период за жал имаше повеќе лоши моменти со работи кои не се поврзани со неговата професија.

Напаѓачот на ПСЖ во моментов е во судски спор, обвинет е за силување. Покрај тоа, нема да може да ја предводи својата репрезентација поради повреда која му се случи непосредно пред почетокот на Копа Америка.

Од своето доаѓање во Париз, Нејмар се поврзува со враќање во Барселона или преселба во Реал Мадрид, понекогаш дури и со клубовите од Манчестер. Меѓутоа, денеска пристигнуваат поинакви информации од француските медиуми.

Според нивните пишувања, најскапиот играч на денешницата сака да потпише продолжение на соработката со својот моментален клуб. Постоечкиот договор му истекува во 2022. година, а Бразилецот сака да се додадат уште две години со опција да се продолжи за уште една.

Сега се е на Леонардо, новиот спортски директор на „Светците“ кој ќе треба да одлучи дали ќе му верува на својот сонародник.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Интер со нова понуда за Лукаку, Јунајтед конечно би можел да прифати

Се е јасно: Кутињо со својот последен потег потврди дека си заминува од Барселона

ПСЖ си донесе ново засилување – од Борусија Дортмунд

Шкендија шокирана и елиминирана во 91 минута во Скопје: Номе Калју во следната фаза

Агентот на Бејл се огласи за можниот трансфер или позајмица

ВИДЕО: Игуаин и Роналдо на тренинзите, како желка и зајак

Мурињо се шегува со Конмебол: И Роналдо може пред Меси да ја освои Копа Америка

Има и такви фудбалери: Ја одби Барселона за да остане во Манчестер Јунајтед

Екс фудбалерот на Арсенал: Не знаев што правам при трансферот во Барселона