ПРЕСВРТ: Приморска воскреснува, МЗТ може да извиси за АБА!?

Иако веќе беше најавено дека МЗТ Скопје ќе игра во елитната дивизија на АБА, изгледа нема да има ништо од тоа.

Раководството на лигата уште не го потврдило влезот на клубот од Аеродром, а од Словенија стигнуваат информација за ново воскреснување на Приморска. Тамошниот специјализиран кошаркарски портал kosarka.si објавува дека клубот ги нашол потребните 700 илјади евра за покривање на долговите и почеток на подготовките за новата сезона во која ќе играат и во домашното првенство и во АБА лигата.

Раководството, наводно, веќе испратило повик до кошаркарите да се појават на тренинзите на екипата, а во тек се и преговори за нови играчи. Колку е ова точно, ќе се знае многу брзо бидејќи стартот на новата сезона во АБА лигата е планиран за првата недела од октомври.