Пресврт на „Камп Ноу“: Барса се предомисли и ги разочара Интер и Јувентус

На Апенините со нетрпение ја исчекуваат одлуката на Барселона кога станува збор за Иван Ракитиќ.

Се очекуваше раководните лица на Барселона и Интер да разговараат околу потенцијалните трансфери на некои од своите играчи, меѓу кои и Ракитиќ, на вечерашниот меч од Лигата на шампионите, но „Мундо Депортиво“ пренесува дека во Каталонија се предомислиле и дека Хрватот ќе остане на „Камп Ноу“ до крајот на сезоната.

Челниците на Барса се импресионирани од односот на фудбалерот кон обврските, ниту во еден момент не се почувствува на неговите изданија на тренинзите и натпреварите иако не крие дека е разочаран, иако клубот истакна дека сака да го продаде и да заработи од неговиот трансфер.

Јувентус и Интер се споменуваа како следни дестинации на Ракитиќ, но целата приказна ќе мора да го сочека летото.

Репрезентативецот на Хрватска во досегашниот тек од сезоната запиша 14 настапи за Каталонците и забележа две асистенции.