Преседан во Ф1: На Силверстоун сезонава во 7 дена ќе се возат две трки

Сезоната во Ф1 која се уште не е почната, е многу специфична од повеќе аспекти, а ќе се случи и еден преседан.

Имено, луѓето во ФИА и организаторот на трката во Британија, на патеката „Силверстоун“ се договориле дека сезонава кога и да почне, на таа патека ќе се одржат две трки.

Интересно ќе биде тоа што двете трки ќе се случат во два викенди, на крајот од месец јули и почетокот на август.

Среќен сум од постигнатиот начелен договор со Ф1 за да имаме две трки ова лето на Силверстоун. Тоа е секако одлична вест за оваа к ултна патека, супер вест за шампионатот“, порача Стјуард Прингел, менаџер-директорот на патеката во Британија.