Премиерот на Австралија му порача на Ѓоковиќ: Само со вакцина можеш на Австралија Опен

Премиерот на австралиската држава Викторија, Даниел Ендрјус, му порача на најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ дека нема да настапи на Австралија Опен ако не е вакциниран.

Викторија донесе закон според кој сите вработени – а тоа ги вклучува и професионалните спортисти, сите кои на некој начин работат на организација и одржување на професионални спортски настани и сите членови на екипите на телевизиските куќи на тие настани – мораат да бидат вакцинирани.

Рокот за примање на првата доза е 15 октомври, а за втората доза е 26 ноември.

Премиерот Ендрјус изјави дека тоа се однесува и на Ѓоковиќ, кој во текот на кариерата освои 20 Гренд слем титули, од кои девет на Австралија Опен, кој ќе се одржи во втората половина на јануари следната година.

„Тие титули нема да те заштитат. Единствената титула која ќе те заштити е да можеш да кажеш дека си ја примил првата доза и дека си ја примил втората доза“, порача Ендрјус.