Премиер лигата е луда: Астон Вила го згази Ливерпул со 7-2, па дома загуби од Лидс!

Многумина се во право кога велат дека англиското првенство е најквалитетно во Европа бидејќи не се знае кој кого може да победи.

Најдобар доказ за тоа е Астон Вила, најголемото освежување оваа сезона. Пред две кола, тимот од Бирмингем на домашен терен го уништи шампион Ливерпул со 7-2, за вечерва на истиот терен да загуби од Лидс со 0-3. Досега Вила беше единствена екипа со максимален ефект во Премиер лигата иако се наоѓаше на второто место затоа што имаше еден натпревар помалку од Евертон.

Кобен за Астон Вила беше Бамфорд кој ги постигна сите три гола за екипата на Лидс. Сите 90 минути ги одигра македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски.