Предвидување: Со колку Гренд слем трофеи ќе ја заврши кариерата Рафа Надал

Тенискиот новинар Стив Флинк, во својата последна колумна сподели со јавноста одредени информации дека наводно Надал ќе се одмори за Австралија Опен, каде ќе ја нападне 21 Гренд слем титула.

Флинк смета дека Надал ќе ги прескокне помалите турнири, со цел да дојде до уште еден голем трофеј наскоро.

Моја претпоставка е дека Рафа ќе избере да не игра до крајот на 2020 година. Турнирите во сали не му се омилени, никогаш нема освоено завршен мастерс. Главната причина да игра на мастерсот во Париз иАТП финалето би била идејата да заврши како прв на АТП, но тој заостанува 1890 бодови зад Ѓоковиќ. Веројатно и нема да ја стигне таа негатива до крајот на годината. Поради тоа веројатно ќе одлучи да не игра повеќе тенис во 2020 година“.

Флинк смета дека Надал сака со уште барем едно освојување на Австралија Опен, сака да ги замолкне критиките или луѓето кои го критикуваат дека е добар само на земјена подлога.

За крај, Флинк предвидува дека во кариерата Надал ќе освои уште еден Гренд слем трофеј и дека ќе дојде до 21.

Доста е можно Надал и Ѓоковиќ да го престигнат Федерер, а кога се ќе биде завршено, не би ме изненадило Ѓоковиќ и Надал да бидат изедначени со по 21, 22 трофеи со кои ќе бидат пред Роџер Федерер“, тврди Флинк.