Предлог во Ф1: ФИА разгледува ново интересно правило за „бод повеќе“ на трките, но не за победникот

Низ годините во Формула 1 многу правила продефилираа на зелената маса, беа усвоени и поминаа, а во иднина сигурно не очекуваат и доза на нови правила.

Според последните информации од најбрзиот авто-мото циркус, ФИА размислува за промена на правилата за бодување, односно за дополнителен бод во целата математика.

Минатата недела при серија на состаноци на органите во овој мото спорт, било разговарано за доделување на дополнителен бод за возачот кој ќе го има најбрзиот круг во трка.

Неколку сезони во минатото беа решени со бод предност за шампионот, па оваа новина може да биде интересна во некои идни разврски околу шампионот кај возачите во Ф1.

Не е познато дали од оваа сезона може да биде прифатено ова правило, кое беше реалност во Ф1 пред повеќе од 60 години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВИДЕО: Доминацијата на Маркез продолжува – победи во Ле Ман и имаше комичен танц!

ФОТО: Трагедија за Макс Бјаџи – го загуби својот татко и ја објави последната фотографија

(ВИДЕО) Страшни слики од САД: Фернандо Алонсо со полна брзина се заби во ѕид

ВИДЕО: Болно до срж – момче кое полека умира, доби неочекуван подарок од Хамилтон

(ФОТО) Иџе го покажа новиот дизајн на своите автомобили – помоќни од било кога

(ВИДЕО) Уште сега предизвикува морници: Излегоа првите снимки од документарецот за Шумахер

Ферари е далеку од Мерцедес – Ботас прв, Хамилтон втор во Каталонија

ВИДЕО: Мекларен направи неверојатен превид – го прекрстија својот возач

Премиера на првиот BMW X7, новиот BMW 7 и сосема новиот BMW 8 Coupe