Пред промоцијата на неговата книга, Златко Далиќ ја изненади Хрватска

Хрватскиот селектор Златко Далиќ, кој минатата година со „коцкестите“ го направи најголемиот успех во нивната историја, финале и вицешампионски статус, ги изненади навивачи со неговата последна изјава.

Непосредно пред претставувањето на неговата книга „Русија беше нашиот сон“, даде изјава од која изненади па и шокира повеќе од хрватските навивачи, изјава во која рече дека нема уште долго да биде тренер.

Не мислам уште долго да бидам тренер, ова е преголем стр ес за луѓето, ги троши емотивно и психички, има поважни работи во животот од резултатите на натпреварите. Семејството, пријателите, се она што го запустив изминатиот период поради фудбалот“.

„Имам 53 години, не планирам да бидам вечно тренер, не мислам дека уште долго ќе ја работам оваа работа. Пријателите често знаат да ми кажат да се присетам на Русија, дека јас им донесов на луѓето во Хрватска вицешампионско место на СП“, открива Далиќ.