Пред гостувањето во Скопје, Веспрем ја „олади“ Барселона – Манасков солиден

Веспрем на домашен терен вечерва ја победи силната Барселона со резултат 29:26, но Каталонците сепак остануваат лидери на табелата бидејки имаат доволна бодовна предност пред Вардар.

На три кола до крајот, Вардар е на негатива од -3 бодови зад лидерот Барселона.

Во денешната победа на Веспрем, свој удел имаше и нашиот репрезентативец Дејан Манасков, кој реализира 4 погодоци против каталонската екипа.

Токму во следно коло Веспрем гостува во Скопје кај Вардар, битка која ќе биде директна за 2 позиција.