Пред финалето во Париз – Ѓоковиќ отворено за неговиот крај на кариерата

Денеска Новак Ѓоковиќ го има финалето на Мастерс турнирот во Париз против тенисерот од Канада, Денис Шаповалов, кој вчера успеа да го добие неодиграното полуфинале со Надал, кој мораше да предаде поради повреда.

Кога Ѓоковиќ го освои Вимблдон, рече дека Федерер со неговите 39 го инспирира бидејки игра на тие години, па по прв пат, барем јавно да прокоментира за крајот на својата кариера.

Тоа ќе зависи од повеќе околности, пред се неможам да размислувам себично и да кажам, ќе играм тенис полна сезона уште шест години, а да не мислам на својата фамилија“.

„Мора да се знае во животот кои работи се приоритет, и понатаму се трудам да играм во онаа мера во која играв последните 10 години. Веќе долго сум во тенискиот врв, така да ситуацијата дефинитивно не е иста како претходно. Во смисла на телото и виталната енергија за да се игра тенис. Но и понатаму сум мо т ивиран, имам поддршка од сопругата и фамилијата. Имам добар тим околу себе, додека имам такво чувство кога ќе излегувам на терен, јас би играл тенис. Не го гледам крајот зад следниот свиок, но свесен сум дека набрзо ќе дојде момемнтот кога ќе треба да намалам со играњето тенис“, порача Ѓоковиќ.